Советниците од мнозинството во Советот на општина Крива Паланка предводени од СДСМ, на последната седница ја одобрија одлуката на Управниот одбор на ЈП Комуналец за утврдување, односно намалување на цените на комуналните услуги.
Така, водата се намалува од 38 на 36 денари за правни лица и од 24 на 22 денари за 1м3 за физички лица.
Корекција на цените има и во делот на собирање, транспортирање и депонирање на смет. Продавниците за прехрана ќе плаќаат по 17 денари за 1м2, наспроти досегашните 18 денари, додека продавниците за непрехрана, занаетчии и деловните простори 15 денари, наспроти досегашните 16 денари. Цената за оваа услуга кај домаќинствата се намалува од 230 денари на 220 денари.
Покрај ова, намалени се и цените за оддржување на јавни површини. Од 60 на 50 денари кај физичките и од 120 на 100 денари кај правните лица.
Намалувањето на цените на комуналните услуги, беше едно од главните ветувања на сегашната локална власт во предизборниот период на последните локални избори.