На 06.11.2017 година околу 19.00 часот на ул. „Илинденска“ во Тетово, поради нарушени меѓусебни односи, настанала тепачка помеѓу два малолетника на возраст од 16 и 17 години, двајцата од Тетово.
Во тепачката, 16 -годишникот со нож му нанел убодна рана во пределот на стомакот на 17-годишникот. Потоа напаѓачот побегнал, а повредениот бил пренесен во Медицински центар Тетово, каде му била укажана лекарска помош и се наоѓа надвор од животна опасност.
Во присуство на родител, 16- годишникот подоцна се пријавил во Полициската станица Тетово, каде што го предал ножот. СВР Тетово презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.