Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.М. (27) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување во обид“.
С.М. на 28.12.2017 година околу 17.00 часот, со употреба на сила, се обидел да изврши обљуба врз Н.А. (33) во нејзиниот дом на ул. „Гроздан Трифунов“ во Кочани. Во тој момент во куќата влегле сестрата и стрината на пријавениот, кои што го спречиле во намерата.