Крива Паланка: Прием за учесниците на меѓународниот проект ИДНИНА –FUTURE од програмата на EРАЗМУС+ во општина Крива Паланка

Градоначалникот на општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски, организираше прием за учесниците на меѓународниот проект ИДНИНА (FUTURE), кој се реализира преку програмата EРАЗМУС+, а во организација на ООУ „Јоаким Крчовски“од Општина Крива Паланка.
Градоначалникот Мицевски, на учесниците на проектот и им посака убави заеднички моменти, плодна соработка и активности, пријатен престој и топло добредојде во Општина Крива Паланка.
– Младите луѓе како вас се носители на прогресивните идеи и промени во секое општество и секоја заедница, затоа искрено се надевам, дека вашето досегашно животно искуство и она што ќе го стекнете како искуство од реализацијата на ваквите проекти, ќе го пренесете и во ваште локални заедници, а тоа може ви биде мотив и потстрек да покренете и вие свои иницијативи за подобрување на сотојбите во најразлични области и во вашите земји, зошто само со размена на позитивни искуства и практики и змеѓусебна соработка и разбирање, можеме побргу и полесно да чекориме напред, рече градоначалникот Мицевски во своето обраќање пред присутните.
ООУ „Јоаким Крчовски“од Општина Крива Паланка и годинава е партнер во меѓународниот проект ИДНИНА (FUTURE) и носител на активностите кои ќе се реализираат во Општина Крива Паланка.
Проектот е финансиран од Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност, а ќе се реализира во траење од седум дена. Во него се вклучени основни и средни училишта од Португалија, Турција, Литванија, Полска и Македонија со вкупно 11 наставници од земјите гости и осум наставници од ООУ,,Јоаким Крчовски“, од кој еден наставник е од ООУ,,Илинден’’ и еден од СОУ,,Горче Петров“, и истиот ќе се одвива на англиски јазик, а координатор на проектиниот тим е Тања Д. Шкрбиќ од ООУ Јоаким Крчовски.
Главните теми, кои ќе се реализираат низ заеднички работилници со наставниците и учениците, кои се вклучени во овој проект се: кодирање-алгоритми и математички размислувања, основи на роботиката преку математиката и природните науки, информатика и употреба на интернетот, комуникација и усовршување на странските јазици, како и запознавање на различни култури и учење за меѓусебна култура и развивање на културни вештини.
Во рамки на посетата, на учесниците им беа презентиран два промо филам за културните знаменитости, традицијата,туристичките потенцијали и посебности на Општина Крива Паланка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e