Кр.Паланка: „Шопска софра 2018“ и ревија на народни носии „Пчиња-Краиште“

– Во чест на Денот на oслободувањето на градот, 8 Октомври, денес покрај останатите свечености, во Крива Паланка, во „Етно гостилница Воденица 3“ се ордржаа две автентични  манифестаци на кои беа претставени традиционалната кујна, фолклор и колоритот на носиите од регионот: „Шопска софра“ иДефиле-ревија на народни носии од прекуграничниот регион “Пчиња-Краиште“.

DSC08336

Настанот беше компилација од презентација и дегустација на традицонални специјалитетеи, солени и слатки, приготвени во кујните на домаќинките од Македонските општини: Кратово, Пробиштип, Крива Паланка,Старо Нагоричане, Ранковце, како и од Српската- Трговиште .

Во оваа пригода се одржа и иселенична средба .

DSC08291

-Токму овој колорит и традиционална кујна, богатството со кое располага регионот е парчето мозаик кое и недостасува на Европската унија и се надевам во наредниот период ќе биде инкорпориран и ќе стане дел од тоа големо Европско семејство. Посебна чест ми е што можам да ги поздравам и нашите иселеници, Националниот совет на иселеници македонци со нивнито претседател, кои се тука со нас на овој голем ден, рече градоначалникот, Борјанчо Мицевски, посочувајќи дека чест е да се зане и види дека голем број Македонци се успешни и достојно ја претставуваат државата надвор од гарнциите, како што е случајот со оние во Србија, но и насекаде низ Европа и светот.

Никола Шалваринов, директор на Агенцијата за иселеништво на РМ, рече дека му претставува сообенозадоволство што како агенција го поддржале овој настан и воедно ги вклучиле иселениците кои потекнуваат од овој регион на ваква посебна пригода.

-Ние постоиме за иселениците од нашата држава, сите нивни потреби , го храбрувам, да ги достават до нас, а се што можеме ќе направиме за да помогнеме. Се надевам на уште поголема соработка со општината во иднина и да нарпавиме се повеќе и повеќе за нашите иселеници, рече Шалваринов.

DSC08297

Проектот „Регионален рурален развој“ е финансиран од страна на Европската унија, а е дел од активностите на постојаната работна група за регионален рурален развој SWG.

SWG e платформа на  министерството за земјоделство, целта е зачувување на традицијата и освен ова денес во Крива Паланка, сум им благодарен на сите локални самоуправи од општиниет од регионот, Предраг Марковиќ, од постојаната работна група за регионален рурален развој.

Присуствуваше и националниот координатор на македонско  национално малцинство во Република Србија, Борче Величковски, кој рече дека како роден Кривопаланчанец особено е горд што присуствува на ваков важен настан и се радува на идното збратимување на општините Крива Паланка и Панчево.

DSC08317

На дефилето со народни носии од сите општини од североисточниот регион на македонија и соседните општини од Србија и Бугарија, најубав пар беше одбран оној со традиционална носија од Трговиште, Република Србија.

DSC08342

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e