КОЈ Е ПАЛАНЧАНЕЦОТ ФАТЕН СО “РАЧИЊАТА ВО МЕДОТ”? Приведен измамник кој лажно се претставувал како вработен во МВР

На 28.09.2022 во 09.25 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Ѓорче Петров, Одделение за криминалистички работи го лишиле од слобода Б.Р.(28) од Крива Паланка, со престој во Скопје, информираат од МВР.

Тој се сомничи дека довел во заблуда лице од Штип, лажно претставувајќи се како вработен во МВР, и му ветил дека може да му извади лиценца за обезбедување и возачка дозвола без полагање, при што во два наврати му земал вкупно 1782 евра.
При претрес во домот во кој престојува во Скопје, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело. Тој бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Доколку е точно дека позади иницијалите Б.Р е Бобан Ристовски, тогаш се работи за активист на ВМРО-ДПМНЕ од Крива Паланка, пишува Граѓански збор.

20158023_1078823905584112_455108946771575694_o

30123827_1229399747193193_2028551178292221088_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e