Кичевско: Дошол да се расправа поради недоразбирање на децата, влечел за коса една, удрил друга жена, па извадил пиштол…

Синоќа околу 21.00 часот во с.Жубрино, кичевско, во куќата сопственост на Љ.Љ. дошол Б.Љ. и започнал расправија со малолетниот син на Љ.Љ. во врска со недоразбирање кое тој го имал со негов внук.

Во расправијата се приклучиле и Љ.Љ. и нејзината сестра Л.И.. Притоа, Б.Љ. со рака ја удрил Л.И. во пределот на лицето, а Љ.Љ. ја влечел за коса. Откако ја пуштил, Љ.Љ. почнала да фрла со камења по него, а тој извадил и вперил пиштол кон неа. Во тој момент, синот на Љ.Љ. се исплашил и паднал во безсознание, по што со возило бил однесен во Медицински центар Кичево, каде му била укажана лекарска помош.

МВР презема мерки за целосно расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e