Каминис и Шилегов ќе потпишат спогодба за соработка во Скопје

В четврток и петок, градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис ќе го посети Скопје и со скопскиот градоначалник Петре Шилегов ќе потпишат спогодба за соработка меѓу двата главни градови, соопштуваат од општина Атина.

Станува збор за возвратна посета, откако скопскиот и атинскиот градоначалник се сретнаа во Атина на почетокот на февруари.

Веднаш по средбата на Каминис и Шилегов, атинскиот градоначалник во интервју за МИА го најави потпишувањето на меморандумот за соработка при посетата на Скопје.

Извор: 24ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e