ЈП Комуналец-Кр.Паланка го намали долгот за четири милиони денари, скратени трошоците за гориво

Раководењето со Јавното Претпријатие Комуналец од Крива Паланка изминативе години од тогашната опозиција беше посочувано за нетранспарентно и во најмала рака, сомнително.

Во кривопаланечката јавност се наметна мислење дека “Комуналец” служел за вдомување на партиски луѓе и испумпување на пари по разни основи на кои потоа им се губи трагата.

И-портал дојде до податоци за вкупниот долг на ова претпријатие како и за трошењата по основ на гориво за целиот возен парк.

Бројките покажуваат дека до ноември минатата година, пред доаѓање на новиот директор од СДСМ, ова претпријатие, на разни правни лица должело околу 10,5 милиони денари, за да заклучно со 13.02.2018г, вкупниот долг изнесува нешто помалку од 6,5 милиони денари или за неполни три месеци, новиот директор, успеал да го намали долгот на “Комуналец” за близу четири милиони денари или над 65 илјади евра, вратени пари.

Намалувањето на долгот се должи на пред се домаќинско работење и кратење на непродуктивните трошоци.

Кога сме кај трошењата по основ на гориво, нешто за што изминатиов период, во кривопаланечката јавност многу се зборуваше и беа поврзувани лица од ЈП Комуналец со одредени бензински пумпи и начинот на кој биле испумпувани пари, може да се забележи драстично намалување на овие трошоци по доаѓање на новата власт.

Така, ако се земат за споредба, последните три месеци од претходниот и првите три месеци од новиот директор, ќе се добијат следните податоци:

Трошоци за гориво за возен парк направени во период од последните три месеци од раководење на претходниот директор:

август 2017 – 335.022 денари

септември 2017- 414.299 денари

октомври 2017 – 306.752 денари

Трошоци за гориво за возен парк направени во период од првите три месеци од раководење на новиот директор:

ноември 2017 – 198.846 денари

декември 2017 – 188.920 денари

јануари 2018 – 198.289 денари

Со ова може да се заклучи дека ЈП Комуналец месечно троши од две до три илјади евра помалку само за гориво за возила, отколку од порано, пари кои на годишно ниво може да се движат помеѓу еден и два милиони денари.

Во исто време, намалени се и цените на комуналните услуги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e