Избрани членовите на Советот на млади на Општина Крива Паланка

Врз основа на Јавниот повик за предлагање на кандидати за членови за Советот на млади на Општина Крива Паланка, Советот на Општина Крива Паланка на 8-та седница оддржана на ден 19.02.2018 година, донесе Решение за избор на на членови на Совет на млади на Општина Крива Паланка (Решение за избор  на членови на Советот  на млади на Општина Крива Паланка)

Советот на млади на Општина Крива Паланка е советодавно тело на Советот на Општина Крива Паланка, основано заради подобрување на положбата и решавање на проблемите на младите во Општина Крива Паланка. Во Советот на млади, според критериумите на јавниот повик, избирани се млади со постојано место на живеење во Општина Крива Паланка-жители на Општина Крива Паланка, со старосна граница од 15 до 30 години, а право на предлагање на кандидати имаа невладини организации, здруженија на млади, ученички совети, студентски совети и други регистрирани облици на организирање на млади.

Мандатот на членовите на Совет на млади на Општина Крива Паланка трае 4 (четири) години.

За членови на Совет на млади на Општина Крива Паланка се избрани:

1.Влатко Младеновски

2.Коста Спасовски

3.Менде Ристовски

4.Ана Петковска

5.Елеонора Маџовска

6.Викторија Стаменковска

7.Стефан Вучевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e