Градоначалникот на општина Дупница во посета на општина Крива Паланка

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, денеска беше домаќин на градоначалникот на општина Дупница, Р.Бугарија, г. Методиј Чимев. Градоначалникот Чимев придружуван од замениците градоначалници Крум Милев за социјални дејности и Красимир Георгиев за европски проекти остварија работна посета на општина Крива Паланка.

На средбата помеѓу останатото се дискутираше за можностите за продлабочување на соработката помеѓу двете партнерски општини како и и за заедничкиот настап на повикот за проектни предлози од ИПА Програмата за прекугранична соработка на Европската Унија, помеѓу Бугарија и Македонија.

Општина Крива Паланка и општина Дупница се традиционални партнери со долгогодишна соработка како на полето на културата така и на полето на имплементација на проекти финансирани од ЕУ каде што двете општини покажаа значителни успеси во изминатиот период. На средбата исто така беше изразена надеж дека ваквата соработка не само што ќе биде продолжена туку и ќе биде дополнително продлабочена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ