Градоначалникот Богоев го посети Домот за стари лица „Мајка Тереза” во Злокуќани

Во рамки на Неделатата за грижа за стари лица, градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев денеска го посети Домот за стари лица „Мајка Тереза“ во Злокуќани.

– Секогаш ќе се грижиме за повозрасните, за оние кои го даваат духот на Карпош и кои со својот животен ангажман придонесоа за развојот на нашата општина. Предвидуваме и нови содржини во овој дом кои ќе го збогатат вашето слободно време. Планираме уредување на дворот, негово раззеленување и приспособување за летниот период, истакнал Богоев.

Пред неколку дена се санирал пристапниот под до берберскиот салон во Домот за стари лица, а се извеле и други тековни зафати за зголемување на безбедноста во оваа установа.

Богоев им поделил и дел од социјалните пакети со храна на највозрасните граѓани, кои жителите на општина Карпош ги донираа во хуманитарната акција „Да бидеме хумани за нашите соседи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e