(ФОТО) Катастрофа на ВМРО – ДПМНЕ Кр.Паланка во поддршката за централниот митинг во Скопје

ВМРО – ДПМНЕ и нивниот кандидат за претседател Гордана Силјановска Давкова, вечерва со почеток од 19 часот пред владата ќе го оддржат централниот митинг во пресрет на претседателските избори закажани за 21 април и 5 мај.

Како и секои избори, традиција е на централниот митинг да присуствуваат и поддржувачи од сите градови низ државава, а така е и годинава.

За разлика од предходните години, кога беа на власт, ВМРО – ДПМНЕ од Крива Паланка, по се изгледа, од една моќна партија кога на времето можеа да се пофалат дека успеваа да мобилизираат 1000 граѓани, таа се сведе на партија без поддршка и доверба дека може да победи на овие избори.

57034674_679676859136026_1915144484430020608_n

Показател за ова е и денешниот мал интерес на граѓаните да отпатуваат во Скопје, па така од фотографиите кои пристигнаа до редакцијата, но и од информациите кои ги добивме, може да се забележи дека на централниот митинг во Скопје отпатувале едвај 200 луѓе, од кои најголем број се партиски активисти, но не и поддржувачи.

56828059_1119553171546832_3707242081429749760_n

Фотографиите се направени во 16 часот, во исто време кога беше и закажано тргнувањето за Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e