Форумот на жени на СДСМ Кр.Паланка донираше хуманитарни пакети за помош на семејството од с.Луке

Во текот на вчерашниот ден, Форумот на жени на СДСМ Крива Паланка го посети семејството од село Луке, на кои пред околу 2 недели им изгоре целата куќа до темел. Но, благодарејки на хуманите граѓани и бизнис секторот,  се собра помош во облека, покуќнина како и градежни материјали со цел да им се изгради нова куќа која интензивно почна да се гради по само некој ден самата несреќа која и се случи на семејството.

2

Форумот на жени, до семејството достави хуманитарни пакети со храна и хигиенски средства со цел да и се помогне на фамилијата полесно да го пребродат овој, за нив, тежок период.

5

Претходно, Форумот на жени донираше за семејството помош во опремување на нивниот нов дом преку донирање на керамиди за кровот, кревет како и столчиња.

6

Покрај на семејството на кои им изгоре куќата, Форумот донираше и околу 20 пакети на други семејства во с. Луке, Узем и Жидилово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e