Со помош на Николовски и компании од Кр.Паланка семејството од с.Луке ќе добие нов дом

Во организација на Љупчо Николовски како и општествено одговорни компании од Крива Паланка, семејството од с.Луке чија куќа викендот изгоре до темел, ќе добие нов дом.

Дознаваме дека веќе е започнато со собирање на помош во вид на облека, покуќнина како и градежни материјали за да се изгради нова куќа на ова семејство кое остана без кров над главата.

“Семејството нема да го оставиме. Сите заедно ќе донираме за нов дом” – појасни Николовски.

Станува збор за четиричлено семејство со две малолетни деца, чија покуќнина, мебел и лични работи ги однесе огнената стихија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e