Советниците од Општина Карпош на вчерашната седница на Советот, го поддржаа предлогот на градоначалникот Стефан Богоев, со кој локалната самоуправа ќе им отстапи три јонизатори (прочистувачи на воздухот), на две претшколски установи кои функционираат на територија на општината.
Клонот на градинката „Орце Николов“ во Карпош 2 ќе добие еден, а клонот на градинката „Мајски Цвет“ во Тафталиџе 2 ќе добие два јонизатори за воздух, кои ќе ги користат на неопределено време.