Двајца државјани на Белгија нападнати на скопскиот плоштад

Две лица од Белгија биле нападнати во центарот на Скопје на плоштадот „Македонија“, информираат од МВР.

Според полицијата, во текот на вчерашниот ден најпрвин во 22.45 часот Б.А.(44) со живеалиште во Белгија пријавил дека на плоштад „Македонија“ бил физички нападнат од едно лице.

-Последователно М.Ј.(47) со живеалиште во Белгија пријавила дека на истиот плоштад била физички нападната од едно женско лице. Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e