Необичен семеен случај е пријавен во Скопје, откако 54-годишна жена побарала помош од полицијата и пријавила дека нејзините родители не ѝ дозволувале да го напушти домот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен вчера во 16:30 часот во СВР Скопје. Според пријавата, настанот се случил на 2 јули на подрачјето на Центар, кога жената била спречена од нејзините родители да излезе од семејниот дом.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со пријавата.
Засега нема дополнителни информации за причините поради кои, според тврдењата на жената, ѝ било ограничено движењето.
