Драчевци во шок по грозоморното убиство на 66-годишната жена: Ја оставил баба му во локва крв и насмеан излегол со лисици на раце

Истражителите кои го вршеа увидот раскажуваа дека глетката била грозоморна. Во собата имало локви крв, а на ѕидовите исцртани крстови. Го видов А.Р. кога го изнесуваа полицајците со лисици на рацете. Изгледаше како да направил херојско дело. Насмеан и со лисици излезе од куќата, раскажува младо момче кое се затекнало на самото место во моментот кога го изнесувале А.Р. од куќата, пренесува Вечер.

Драчевци се уште живеат во шок по грозоморното убиство што се случи во куќа на улицата “Антон Димов” кога во понеделникот А.Р. (20) ја усмрти неговата баба 66-годишната Г.Н.. Нему му е одреден 30-дневен притвор, а обвинителството ги чека наодите од обдукциониот протокол за да се утврди дали со сигурност момчето ја убило бабата со нож или пак, биле преземени други дејствија. Се прибираат и други докази со цел за целосно расветлување на случајот.

Според првичниот увид на вратот на жената имало исекотини, но дали тие настанале од ножот што го употребил А.Р. или пак ја усмртил со нешто друго, допрва ќе се утврдува.

Неофицијално дознаваме дека А.Р. бил со психички проблеми и се лекувал во една од психијатриските болници.
Куќата во која живее семејството по грозоморното убиство е празна, и се уште ја обезбедува полицијата бидејќи увидот и натаму трае.

По убиството родителите на момчето заедно со нивниот брат се отселиле и како што неофицијално дознаваме моментно живеат во станот на убиената.

Целиот текст прочитајте го на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e