Доделени нови решенија за легализација во општина Гази Баба

Градоначалникот Борис Георгиевски и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески  доделија нови 26 Решенија за легализација на бесправно изградени објекти. Во општината има поднесено околу 18800 барања за решавање на статусот на бесправно изградените објекти, од кои за 7650 објекти има донесено Решенија, а за околу 7000 се чека докомплетирање на документацијата.

IMG_2222

Заклучно со денешниот ден, има доставено 57 нови барања кои администрацијата на општината ќе ги решава заедно со останатите барања, истакна градоначалникот Георгиевски.

Министерот Сугарески рече дека со продолжувањето на рокот од 01.01.2018 година за поднесување на барања за легализација на бесправно изградените објекти, оние лица кои немале можност да го сторат тоа, ќе може до 31.12.2018 година да си поднесат барања, а оние кои претходно имаат поднесено барања, а немаат доставено елаборати и воедно се одбиени, ќе може да достават ново барање со комплетна документација  до 30.06.2018 година.

IMG_2248

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e