Димитриевски одговори на обвинувањата на министерот Ахмедовски

Задоцнив половина час и му се извинив на министерот. Го замолив да ме почека бидејќи имав итен состанок со бизнис делегација.Не е точно дека не бил примен. Министерот беше во кабинетот со моите соработници. Кога завршив со состанокот, министерот веќе беше заминат –  изјави кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.
– Во општината ниту имало, ниту ќе има дискриминација ни на Роми, ни на други етнички заедници, ниту пак, по било која основа. Општината е меѓу првите што ја потпишаа Стратегијата за Ромите, додаде Димитриевски.

Предходно коалицискиот партнер во владата ПЦЕР реагираше дека вчера министерот без ресор Аксел Ахмедоски два часа го чекал кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски на средба во општината, која била договорена една недела претходно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e