Детали за трагичната сообраќајка: Лицата биле починати уште пред да стигне Брзата помош

Две млади момчиња го загубиле животот во страшната несреќа кај Пинтија, во правец кон Драчево. Неофицијално, очевидци тврдат дека лицата биле починати уште пред да дојде Брзата помош.
Несреќата се случила во близина на салонот “Мебел Ви”. На местото пристигнала полицијата, но и насобрани граѓани, од кои дел се сведоци на несреќата.

Очевидци раскажуваат дека едниот од сега загинатите возел со преголема брзина која била дури над 160 км/ч и претекнувал друго возило при што директно се судрил со aвтомобилот во кој само било другото лице кое настрада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e