Делчево изработува акциски план за социјална заштита

Невладиниот сектор во Делчево во партнерство на институции од надлежност на социјалната заштита и Општина Делчево, ќе го изработуваат првиот Акциски план за социјална заштита за Општина Делчево. На првата работилница која е дел од активностите на проектот Социјален дијалог за социјална инклузија“ имплементиран од  Хуманитарното- здружение за помош и поддршка на лица со посебни потреби  „Бравура Кооператива“,присуствуваа претставници од институции и организации кои работат на полето на социјалната заштита во Делчево.

Градоначалникот Горан Трајковски истакна дека со реализацијата на овој проект сакаме да го унапредиме  учеството на граѓанскиот сектор и граѓаните на Општина Делчево во креирањето на локалниот политички живот, која ќе се темели врз начелата на заеднички дијалог и соработка при планирање и давање основни услуги за граѓаните.

 Согласно со надлежностите кои се дадени во Законот за социјална заштита и Законот за локална самоуправа, општините во соработка со другите надлежни институции се должни да организираат и обезбедат социјална заштита на граѓаните преку донесување на развојни програми за специфичните потреби на граѓаните , да основаат јавни установи за вонинституционална и институционална заштита на граѓаните и да работат на подигање на јавната свест на населението за постоење на потреба од социјална заштита, истакна Трајковски.

Александар Николовски од „Бравура Коорператива“ истакна дека по дефинирање на проблемите  претстојат активности за изработка на акциски план по целни групи,  негова верификација при Советот на Општина Делчево.

 елта на овој проект е преку работни групи од невладин сектор, локална самоуправа вклучувајќи го и Центарот за социјална заштита да изработат акциски план за социјална заштита на Општина Делчево, базиран на реалните потреби и приоритети на Општината, како и на  материјални можности за обезбедување одржлив развој на ефикасна социјалната заштита. Овој Акциски план ќе овозможи социјална рамка и стратегија која е ориентир на задоволување на потребите и приоритетите на социјално раливите категории на граѓани во О.Делчево.

Проектот е финансиран од ЕУ преку проект на Фондацијата за одржлив економски развој ПРЕДА Плус и во партнерство со АСБ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e