Дебата „Кон родово инклузивен буџет во Општина Центар

Во Општина Центар, денеска се одржа дебата организирана од Здружението за унапредување на родовата еднаквост „Акција Здруженска- Скопје“ во соработка со Здружението за еднородителски семејства „Една може“. На дебатата „Кон родово инклузивен буџет во Општина Центар“ присуствуваа претставници на општинската администрација и Советот на Општина Центар.

Предмет на дискусија беа резултатите и препораките од спроведеното следење на процесот на планирање и донесување одлуки за општинскиот буџет во поглед на третманот на родовата еднаквост, мерките за унапредување на економскиот статус на жените и пристапот до социјални услуги. Особено внимание беше посветено на прашањето на третманот на самохраните мајки.

Беше истакнато дека ќе бидат вложени напори да се унапредат мерките за тие да бидат во корист на жените вклучувајќи ги и маргинализираните групи на жени. Конкретно, беше изразена подготвеност да се работи на поголемо вклучување на жените заради идентификација на приоритетните проблеми, прибирање родово релевантни податоци како основа за планирање на сите секторски програми и буџетот, подобрување на внатрешната координација и мерење на ефектите од програмите и мерките. Воедно, беше истакната потребата од поставување на прашањето на еднаквоста на жените и мажите во рамки на дебатата на Советот на Општина Центар. Општата цел е да се унапреди третманот на родовите прашања во буџетското планирање на локално ниво преку зајакнување на капацитетите и поддршка на локалните женски невладини организации за следење и застапување на родовата еднаквост во буџетските процеси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e