Црната точка на патот Битола-Демир Хисар зеде уште една жртва, загина 25-годишна жена

25 годишна мајка на малолетно машко дете е последната жртва во трагедијата која вчера ја потресе југо-западна Македонија. Мостот „Бели мост“ на патот Битола-Демир Хисар уште еднаш потсети на својата опасност, откако пред само осум месеци на истото место загина полицаец.

Вчера попладне, во 16 часот и 20 минути во полициската станица во Битола пристигнал повик дека случена е тешка сообраќајна несреќа на патниот правец Битола-Демир Хисар. Во моментов нејасно кој ја пријавил прв несреќата и по колку време од нејзиното случување.

Патничкото моторно возило марка „Мерцедес“ со демирхисарски регистарски ознаки во кое се превезувале вкупно три лица, од кои едно малолетно, од засега точно неутврдени причини излетало од патот Битола-Демир Хисар кај местото викано „Бели мост“ пред селото Лисолај.

Возилото го управувал 33 годишниот Б.Г од село Белче, Демир Хисар, на совозачкото седиште се наоѓала неговата сопруга 25 годшината Ј.Г, како и нивниот малолетен син. Веднаш по пристигнувањето на Итната медицинска помош, на лице место констатирана била смрт на 25 годишната мајка, додека малолетниот син и неговиот татко кој управувал со возилото се здобиле со тешки телесни повреди и веднаш се префрлени во Клиничката болница во Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e