На 06.11.2017 година во 12.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, пријавено е дека при изведување градежни работи на локацијата „Сончев град“, во с.Сопиште, скопско, во канализациска шахта, било откриено човечко тело во напредна фаза на распаѓање.
Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.
Се работи на идентификација на телото и целосно расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.