Честитка по повод 8-ми Март од градоначалникот на Кр.Паланка, Мицевски

По повод 8-ми Март, денот на жената, градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, упати честитка до сите кривопаланчанки.

“Почитувани сограѓанки

Денес е Ваш ден. Денес е ден за празнување и почит, но воедно и Ден за цврста решителност да се опстои во напорите за Ваша целосна рамноправност во заедницата и во целокупното општество.

Меѓународниот ден на жената – 8-ми Март е само потврда дека во минатото, храбри, горди и достоинствени жени испишувале светли страници од историјата, борејќи се за своите права и за потполна рамноправност со мажите, која борба сеуште трае, а историјата треба да се допишува.

Драги сограѓанки, Вие сте значаен дел од Општина Крива Паланка и Република Македонија и како такви ја заслужувате целата почит, заслужувате еднакви можности за сопствено реализирање и рамноправност во надградбата на нашето општество.     

Затоа, славете го денешниот ден, но и сите останати денови во годината и ставете ги во функција на реализација на тие Ваши цели, а во таа смисла ја имате мојата целосна поддршка и поддршката на Општина Крива Паланка.                                                         

Нека ви е честит и вечен празникот!” – напиша Мицевски во честитката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e