Будно се следи состојбата со поплавите во Кр.Паланка поради обилните врнежи

Поради обилните врнежи кои ја зафатија територијата на општина Крива Паланка вчера беше формиран тим за 24 часовно дежурство во случај на потреба за интервенција во поплавените подрачја.

Во коoрдинација со ЈП Комуналец, ТППЕ Крива Паланка, Дине Трејд  и Македонија пат во изминатото деноноќие беше интервенирано на повеќе локации во најзагрозените населени места во с.Станци, с.Жидилово, с.Огут, населба Стамболици, а беа санирани и одрони на патниот правец кон с.Добровница и долж магистралниот пат.

Екипите продолжуваат будно да ја следат состојбата и во наредниот период, а граѓаните во случај на потреба можат да побарат помош кај надлежните институции на локално ниво, информираат од општина Крива Паланка.

7

6

5

4

3

2

1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e