Богоев: Карпош бил дел од планот за зонско паркирање и во 2014, граѓаните ќе решат

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев се огласи на неговата официјална Фејсбук страница по повод зонското паркирање во оваа скопска општина со кое деновиве, како што пишува тој, се манипулираше во јавноста.

Богоев сподели линк до вест од 2014 во која е објавено дека и во 2014 година Општина Карпош е дел од Инвестициската програма на ЈП Градски паркинг за проширување на проектот за зонско паркирање кога градоначалник на Карпош е Стевчо Јакимовски, а на Скопје е Коце Трајановски.

“Ова е линк на вест од 2014 година. И тогаш, Општина Карпош е дел од Инвестициската програма на ЈП Градски паркинг за ширење на проектот за зонско паркирање. Таканаречените портали кои деновиве манипулираа со јавноста, може да земат print screen и од оваа вест. Не сакам да правам споредби со минатото, но да не бидеме селективни и да читаме само тоа што ни оди во прилог. Особено не во време кога “Google сè памети”. Граѓаните на Карпош ќе решат за зонско”, напиша Богоев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e