Богдановиќ и Еснафот на старата скопска чаршија потпишаа Меморандум за соработка

Општина Центар и Еснафот на старата скопска чаршија потпишаа Меморандум за соработка со цел заеднички да делуваат во јакнење на меѓусебните односи, заеднички настап и за подобрување на условите за работа на занаетчиството.

Општина Центар,  претставувана од градоначалникот Саша Богдановиќ и претставникот  и советникот од Еснафот Мухамед  Љамалари  на заедничката средба договорија промовирање на занаетчиството и заживување на чаршијата преку заеднички проекти и активности.

Нагласена е потребата за ревитализирање и осовременување на инфраструктурата на старата скопска чаршија, редуцирање на бариерите и отворање на нови можности за соработка.

Сето ова ќе го поттикне зближувањето и доближувањето до заборавените културни вредности и единство на различностите, избалансиран развој на општината, како и зачување на традицијата и културана на старата скопска чаршија.

Со ова се реализира договорот, постигнат во изборниот период   за соработка меѓу Еснафот и општина Центар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e