-Денеска заедно со припадници на АРМ успеавме да пристапиме до с. Почивало каде што имаше две дечиња кои мораа веднаш да се хоспитализираат. Ова планинско село се наоѓа на 22 километри од Штип и е многу тешко пристапно во зимски услови. Животот и здравјето на граѓаните е пред се, напиша на Фејсбук, градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.