70-годишен скопјанец загина во пожар во Сопиште

Старец загина во пожар во скопско Сопиште. Трагичниот настан се случил во куќа во Сопиште, каде што било пронајдено безживотното телото на 70-годишниот скопјанец, кој подолго време бил неподвижен.
Во моментот на избивањето на пожарот, тој бил сам дома. Починатиот живеел со неговиот син, кој во моментот на пожарот не бил во куќата.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. Од страна на екипа на противпожарна единица пожарот е изгаснат.

Причините за пожарот се уште не се познати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e