64-годишен маж со тврд предмет нападнал жена и се обидел да ја силува

64-годишен струмичанец физички нападнал 43-годишна жена, удирајќи ја со тврд предмет по што се обидел да изврши обљуба врз неа.

Според информациите од МВР, вчера во полициска станица во Струмица бил извршен службен разговор со Е.Т.(64) од с.Самоилово, постапувајќи по пријава од 27.03.2023 во 11.30 часот според која на 24.03.2023 околу 14.00 часот, во атар на с.Самоилово, струмичко, кај место викано „Караван“, тој со тврд предмет физички нападнал 43-годишна жена од струмичко село и се обидел да изврши обљуба врз неа.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e