34-годишна Скопјанка убиена вчеравечер во Шутка

Скопјанка била убиена вчеравечер во скопската населба Шуто Оризари, дознава и пренесува 24 Инфо.

Според извори од истрагата, убиството се случило околу 22.30 часот. Жената (31) настрадала во тепачка меѓу двајца братучеди. Тие почнале расправија додека седеле и пиеле во дворот на едниот од нив.

Едниот заминал и се вратил со нож, а сопругата на едниот од братучедите се обидела да ги смири и раздвои. При тоа во гужвата налетала на ножот и загинала на самото место. По убиството интервенирала полицијата и ги привела братучедите.

Од МВР го потврдија убиството.

Според полицијата, две лица се приведени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e