12-годишно дете паднало од стан во Скопје

Вчера во 17.13 часот во СВР Скопје било пријавено дека од стан на ул.„Лука Геров“ во Скопје паднал 12-годишник од Скопје.

Според пријавеното од мајката, малолетникот паднал во моментот додека бил сам во собата.

Увид извршила екипа од СВР Скопје, а малолетникот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e