Како можете да дознаете дали сте болни

Дали некогаш сте помислиле дека вкочанетиот врат може да биде начин на кој телото ви сигнализира дека имате некоја болест? Ако не сте знаеле, постојат специјалисти кои се занимаваат со интуитивна медицина. Тие велат дека телото секогаш ни кажува ако не што не е в ред, само треба да се научиме да го слушаме.

Почитувајте ги здравствените потреби
Можеби чувствувате нагон за сок од моркови, потреба да носите капа во текот на денот или пак високите потпетици наеднаш ви станаа одбојни. Тоа е можеби начин на кој телото ви кажува да обрнете внимание. Слушајте ги суптилните сигнали и почитувајте ги се додека не ви штетат. Тоа е како потрага по богатство. Една трага ве води до следната.

Запрашајте се што му треба на вашето тело со оглед на симптомот
Ако имате, на пример, силни главоболки, ненадеен напад на замор или некој кожен осип, повлечете се на некое мирно место и запрашајте се што би можело да му треба на вашето тело. Можеби одговорот ќе ве изненади. Обрнете внимание на првата идеја која ќе ви се појави на ум. Толкувајте ги мислите слично како симболите од соништата.

Побарајте го одговорот и во соништата
Нашите соништа обично се симболички. Ако на пример ја игнорирате болката во раката и за тоа ја обвинувате теретаната во која одите, но во соништата некој ви оставил честитки за Валентин низ цела куќа, првата работа на која ќе помислите при будењето е срцето.

Обрнете внимание на привидните случајности
Понекогаш животот ќе ни го претстави она што е совршено јасно како случајност. Ви се чини дека на ТВ има реклами само за одреден производ, често и емисиите се со слична тематика, а во весниците се почесто наидувате на написи за тоа. Можеби станува збор за тоа што едноставно потсвесно обрнувате повеќе внимание на тоа отколку на други работи. Веројатно постои причина зошто го правите тоа.

Слушајте ги знаците на предупредување

Телото е направено така за да ве предупредува на опасност. Дали го слушате? Ако избегнувате некои движења или активности, спортови или работи со кои претходно сте се занимавале, можеби за тоа постои некоја здравствена причина.

Прегледајте го своето тело
Направете некогаш и самите систематски преглед на своето тело. Побарајте необични промени на кожата. Почнете со прстите на нозете, глуждовите, колениците… Ако постојат било какви промени, обрнете внимание на нив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e