Девет поранешни агенти на тајната полиција на режимот на генералот Аугусто Пиноче во Чиле се осудени на затворска казна во времетраење од три до 10 години, јави БТА.
Пресудите се за киднапирање, измачување и убиство на шестмина политички затвореници за време на диктатурата во периодот од 1973 до 1990 година.
Судијата во предметот донесе пресуди државата на семејствата на жртвите да им плати отштета во висина од 678.000 долари.
Според официјалните податоци, за време на диктатурата на Пиноче над 40.000 лица биле убиени, измачувани или затворени.
Генералот почина во 2006 година, додека беше во домашен притвор, поради обвиненија за незаконско збогатување и нарушување на човековите права.