Затрупани 13 рудари во рудник за злато

Откако се урна рудник за злато во Јужноафриканската Република останаа заробени 13 јужноафрикански рудари, откри операторот “Sibanye-Stillwater.

Компанијата објави дека стапила во контакт со тројца заробени во рудникот “Masakhane” и дека мобилизирале спасувачки тимови.

„Сите работат на лоцирање десетмина вработени на кои се уште не им се знае судбината и на сигурно спасување на сите заробени“, соопштија од комапанијта.

Јужноафриканската Република е дом на најдлабоките рудници на светот кои често се наоѓаат во геолошки ризични подрачја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e