На 13.09.2026 околу 18:10 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека во с.Ранковце, општина Ранковце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.З.(62) од Куманово и велосипед управуван од И.С.(88) од с.Трубарево, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Крива Паланка.
