Законот на Путин за странските агенти: Што значи за новинарите во Русија

Независните новинари и блогери може да бидат означени како стански агенти во Русија, благодарение на новите амандмани на медиумскиот закон.

Таа ознака „странски агенти“ веќе ја имаат одредени медиумски и невладини организации кои спроведуваат некоја од политичките активности и примаат пари од странство.

Групи, а сега и поединци, кои ќе бидат вака означувани ќе мора во сите изданија да имаат напишано дека се странски агенти, но и на властите да им подготват детаљни извештаи доколку не сакаат да плаќаат строги казни или да им биде забранета работа.

Претседателот на Русија, Владимир Путин на почетокот на декември го потпиша овој контроверзен закон кој го осудија бројни меѓународни организации за азштита на човековите права како и претставниците на Европската унија.

Изразот „странски агенти“ потекнува од советската ера и служел за клевета на политичките дисиденти.

Што се случило?

Новиот закон е усвоен во парламентот кон крајот на ноември и на сила стапил веднаш.

Рускиот закон веќе седум години им овозможува на властите здруженијата кои пари примаат од странство и имаат „политичка активност“ да ги означат како „странски агенти“ – тоа се однесувало на хуманитарни и организации во цивилното општество.

Таква е и организацијата на опозиционерот Алексеј Навални која се занимава со борба против корупцијата, означена како странска агентура.

Новиот медиумски закон минал низ Долниот дом на парламентот Думата и го претставиле Леонид Левин од Одборот за информирање и пратеникот Пјотр Толстој.

Левин објаснил дека секој поединец кој ќе биде означен како странски агент мора да исполни два критериуми – мора да произведува или шири материјал од медиумски извори кои се прогласени за странски агенти и за тоа да биде платен од странство.

Законот вели не е насочен директно на руските блогери и публицисти, но признава дека новинарите кои работат за странски медиуми се под ризик.

Ретвитување вести кои потикнуваат од странски агенти не го прави некој странски агент, освен ако и тој не добил пари од странци, објаснил Левин.

Поедини медиумски стручњаци тврдат дека овој закон може да се примени и на компаниите кои финансираат од странство, како и научниците кои добиваат странски грантови.

Законот остава широки можности за толкување

Официјална Москва тврди дека усвојувањето на овој закон е „изнуден одговор на репресивните мерки кон руските медиуми во Америка, посебно на означувањето на Раша Тудеј (РТ) како странски агент“. (Телевизијата РТ е медиумска куќа која го поддржува Кремљ).

Истовремено правниците се загрижени затоа што секој закон мора да има јасно прецизирани мерки, јасни критериуми, кои не оставаат простор за интерпретација.
А овој закон остава можности за толкување.

На пример Законот овозможува странски агент да се нарекува секој кој добива пари од странство и во исто време да пренесува информации од странски медиуми, кои се препознати како странски агенти. Само зависи кон кого ќе се применуваат.

Властите инсистираат дека тоа нема автоматски да влијае на новинарите кои работат во медиумите кои веќе се означени како странски агенти – досега се десетина, а меѓу нив се Гласот на Америка, Радио Слободна Европа и нивни различни ограноци.

Во исто време, еден од предлагачите на законот им рекол на новинарите дека Законот ќе се применува селективно.

Предлагачот додава и дека големи се шансите новинарите на медиумските организации кои се означени како странски агенти да бидат и поединечно така обележани – ако пишуваат за политика.

Сепак таква дефиниција не постои, за разлика од претходниот закон кој се однесувал на невладините организации.

Стручњаците предупредуваат дека сите корисници на интернет кои изразуваат независно мислење може потенцијално да бидат означени како странски агенти.

Се сомневаат дека вистинска цел на властите е да ги направат странските медиуми потенцијално опасни и за публиката и за руските новинари кои би требало да работат со нив. Тоа може да влијае и на блогерите и активистите на цивилното општество.

Влегувањето на поединци на листата на странски агенти ќе значи дека сите агенти, вклучувајќи ги и физичките лица, мора да основаат фирми во Русија кои ќе бидат подложени на сите барања на Законот за агенти, вклучувајќи и детални и чести извештаи до Министерството за правда, годишни ревизии и обврски за обележување на материјалите.

Казните за кршење на овој закон ќе бидат прилично високи – до 1.200 фунти за поединци и до 60.000 фунти за фирми.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e