Загинаа новинари во експлозии во Кабул

Во две експлозии во авганистанскиот главен град Кабул загинаа 25 лица, меѓу нив и неколку новинари, како и фоторепортерот на Франс Прес, Шах Мараи. Првиот напад го извршил бомбаш самоубиец со мотор, додека вториот се случил 15 минути подоцна откако на местото на настанот се насобрале многу луѓе и новинари.

Одговорноста ја презеде Исламската држава. Вториот бомбаш-самоубиец се преправил како репортер и се разнесел себеси. ВО нападот загинале и двајца новинари на Радио Слободна Европа. Вкупно, меѓу загинатите во вториот напад има најмалку осум репортери и четворица полицајци.

Извор: Алсат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e