Вучиќ кандидат на СНС за претседател на Србија

Претседателството на Српска напредна странка (СНС) вечерва едногласно се изјаснило кандидат за претседател на Србија да биде српскиот премиер и лидер на СНС, Александар Вучиќ.

Седницата беше затворена за јавност, а после неа никој не давал изјави, Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, на поминување само кратко им дофрли на новинароте „Вучиќ, едногласно!“

Во соопштението по состанокот се наведува дека одлуката за претседателскиот кандидат на СНС треба да ја донесе Централниот одбор на партијата на 17 февруари. Во дописот се наведува дека претседателството на СНС го обврзува лидерот на партијата, Александар Вучиќ да ги продолжи разговорите со актуелниот претседател на Србија, Томислав Николиќ и со сите партнери на партијата „и да се обиде да обезбеди целосно државно единство на сите одговорни фактори…за Србија да се одбрани од силите на минатото и да го обезбеди нејзиниот натамошен напредок“.

Мандатот на Николиќ му истекува на 31 мај, а изборите за претседател треба да бидат распишани кон почетокот на март, односно 90 дена пред истекот на мандатот на актуелниот претседател.

Мета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e