Воена состојба во Украина: Киев забрани влез за Руси на возраст од 16 до 60 години

Киев им забрани влез во Украина на Русите на возраст од 16 до 60 години.

Украинскиот претседател Петро Порошенко на Твитер објави дека мерката е воведена за да се спречат Русите да формираат „приватни армии“ за борби на украинска територија.

Одлуката за забрана ја соопшти и шефот на украинската погранична служба Петро Цигикал и додаде дека на контролните пунктови се зајакнати мерките за контрола.

Од 28 ноември во некои делови на Украина во сила е 30-дневна воена состојба откако руските сили на 25 ноември запленија три бродови на украинската морнарица во Керченскиот Теснец, меѓу Црното и Азовското Море, со образложение дека нелегално влегле во руски територијални води.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e