Во Турција крај на вонредната состојба

Во Турција заврши вонредната состојба која бешевоведена во јули 2016 година по неупсешниот пуч и која донесе голем притисок врз медиумите и опозицијата и доведе до масовни отпуштања од државните институции. Вонредната состојба беше продолжувана седум пати. Последното продолжување истече денеска.
Според некои податоци, над 110 илјади луѓе биле отпуштени од работа, додека околу илјада ипол вклучувајќи, војници и новинари се осудени на доживотен затвор. Повеќе од 77 илјади луѓе биле уапсени поради нивните наводни врски со исламскиот свештеник Фетулах Ѓулен кој е во егзил во САД и кого Анкара го обвинува за обидот за воен удар. Владата предложи вонредната состојба да биде заменета со построги антитерористички мерки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e