Во напад во Бурунди загинаа најмалку 26 лица

Непознати вооружени напаѓачи денеска убија најмалку 26 луѓе, а десетмина се повредени во село во северозападниот дел на Бурунди, изјави министерот за безбедност Ален Гијом Буњони, додавајќи дека масакрот е извршен од „терористичка група“. Според локалните власти, бројот на жртвите би можел да биде и поголем бидејќи потрагата за настрадани лица продолжува. Очевидец тврди дека нападот бил извршен со пушки и ножеви, а напаѓачите запалиле и куќи во селото. Причината за нападот и идентитетот на сторителите се уште не се познати, но локалните жители велат дека тие по нападот заминале во правец на Конго.

Во Бурунди на 17 мај треба да се одржи референдум на кој граѓаните треба да се изјаснат дали да се продолжи претседателскиот мандат од пет на седум години што ќе му овозможи на поранешниот бунтовнички лидер Пјер Нкурунзиза, кој е на власт од 2005 година.Неговата најава дека че се кандидира за трет мандат предизвика политичка криза во земјата, во која најмалку 1200 луѓе загинаа, а 400 000 се раселени.

Извор: РСЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e