Во Мосул пронајдена масовна гробница со стотина обезглавени тела

Масовна гробница во која се наоѓаат околу сто тела на кои им е отсечена главата е пронајдена источно од Мосул, соопшти ирачката војска.

Како што соопшти војската, телата биле пронајдени во близина на земјоделскиот факултет во градот Хамам Ал Алил, а поголемиот дел од нив биле толку распаднати што останале само костури.

Поради состојба во која се наоѓаат телата, тешко е да се каже дали станува збор за цивили или за војници. Форензички тим од Багдад утре ќе го истражи местото.

Исламска држава изврши неколку масакри откако го освои градот, летото во 2014 година.

Мосул е едно од најголемите упоришта на ИД во Ирак, а копнената операција за негово ослободување почна на 17 октомври. Во неа учествуваат ирачките трупи, курдските единици и коалиција на чело со САД.

Извор: Мета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e