Во Италија пронајдени две украдени слики од Ван Гог

Италијанската полиција пронашла две слики од холандскиот сликар Винсент ван Гог во Неапол, кои се украдени во 2002 година, соопшти Музејот „Ван Гог“ во Амстердам.

Во соопштението се наведува дека сликите се отстранети од рамките, но дека не се многу оштетени.

Засега не е познато кога сликите ќе бидат вратени во музејот.

Сликите „Конгрегацијата ја напушта Реформираната црква во Нојнен“ и „Поглед на море во Шевенинген“ се од релативно раниот период од творештвото на Ван Гог. Вредноста на сликите е околу 22 милиони евра.

Мета

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e