Во Германија запленети 10 килограми исклучително чист кокаин

Германските крајбрежни власти заплениле денеска кокаин во вредност од два милиона евра, кој бил скриен на брод меѓу 30 градежни машини кои пристигнале од Бразил.

Цариниците во Хамбург истакнале дека се пронајдени 10 килограми исклучително чист кокаин, спакуван по еден килограм, кој по мешавината која се продава на улиците ќе изнесува повеќе од 30 килограми.

Бродот кој ги превезувал машините и кокаинот е запленет поради детална истрага.

Германските власти се уште не знаат кој е одговорен за шверцот, а крајната дестинација за кокаинот бил белгискиот град Антверпен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e