Во Германија убиени две деца, осомничени се Турци

Пред само неколку дена свирепо беше убиено девојче во Визбаден, Германија, а во понеделникот избодено е уште едно девојче додека возело велосипед во градот Вирсен.

Убиена е 15-годишната Лулијана Елена Р. додека возела велосипед во градскиот парк, а како што пренесоа медиумите избодена е неколку пати со нож. Бездомник кој ги слушнал нејзините повици за помош ја зел во раце, додека умирала. Не е познато дали имала германско државјанство, а по потекло била Романка.

Таа викала: „Умирам, умирам“ на германски, а починала за неколку минути.

Осомничен е 25 годишен Турчин кој истиот ден се пријавил во полиција. Сведоци го опишале напаѓачот како маж со северноафрикански изглед, со темна коса.

Германија се уште не се опорави од свирепото убиство на 14-годишната Сузана од Мајнц, која на 22 мај била со друштво во центарот на блискиот град Визбаден и вечерта не се вратила дома. Родителите го пријавиле нејзиното исчезнување во полиција и бидејќи станува збор за малолетник веднаш е покрената истрага.

Нејзиното безживотно тело беше пронајдено во една дупка со грмушки покрај пруга во Визбаден. Судската медицина утврди дека била силувана па убиена.

На почетокот се сомневаа во двајца извршители 35-годишен Турчин пуштен од затвор и 20-годишен Курд Али Б.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e