Во денешното бомбардирање на Алепо загинаа 27 цивили, градот остана без болници

Во денешното бомбардирање на кварт во сирискиот град Алепо каде што се наоѓаат бунтовници, загинаа 27 цивили.

– Ниту еден кварт на истокот на Алепо, денеска не е поштеден од бомбардирање од страна на сириските владини безбедносни сили – соопшти опозициската Опсерваторија за човекови права.

Странските медиуми соопштуваат дека градот практично останал без болници. Светската здравствена организација соопшти дека сите импровизирани болници се надвор од употреба по пет дена воздушни напади од владините безбедносни сили.

Од вторникот до денеска во бомбардирањата на Алепо загинале повеќе од 90 цивили.

Мета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e